За влез во Грција македонските државјани по стапувањето на сила на безвизниот режим на 19 декември, покрај биометриски пасош ќе треба да покажат документи
со кои ќе ја оправдаат целта на нивната посета и условите под кои ќе
престојуваат во Грција.
Со себе треба да имаат и здравствено
осигурување, како и документи со кои ќе докажат дека се вработени,
студираат или се пензионери. Дополнително ќе треба да поседуваат и по
50 евра за секој планиран ден престој во Грција, информира ат од грчката
Канцеларија за врски.