За да победи на натпревар, Џо Честнат, 24-годишник од Сан Хозе – Калифорнија, успеал да изеде 45 парчиња пица во 10 минути и така да го освои првото место. Натпреварот бил на Тајмс Сквер во Њујорк, а Џо не јадел ништо претходниот ден за да биде што подобро подготвен.
Тоа не му е прва победа. Победувал два пати на натпреварите во брзо јадење на хот догови. Неговиот последен рекорд изнесува 59 хот догови за 10 минути. А и во Тенеси го освоил првото место кога изел 93 хамбургери во само осум минути.