Во Квинсленд, Австралија, во 1986 година бил поставен рекорд при кој 100 скијачи на вода целосно поминале една наутичка милја (1852 метри), влечени само од еден брод. Сега по темелни припреми и многу одложувања поради лошото време, 114 скијачи на вода го срушиле тој рекорд во близина на брегот на Страхан во Австралија.
Скијачот Тони Аспинал рекол дека вложениот труд се исплатил и дека водата била толку пријатна, што било многу тешко да се концентрираат на рушење на рекордот. Кога го срушиле рекордот, ветерот бил идеален, за разлика од саботата кога поради временските услови не успеале да го сторат истото.