Идејата за Супер лига доживеа колапс и најверојатно воопшто нема да се формира и спроведе, откако дел од екипите кои го потврдија учеството, најавија повлекување. Први повлекување најавија Челси, Манчестер Сити и Атлетико Мадрид, а другите екипи, вечерва, на итен состанок ќе стават точка на идејата за Супер лига.
Првата жртва од неуспешниот обид за формирање на Супер лига доаѓа од Манчестер Јунајтед. Извршниот директор Ед Вудвард поднесол оставка од функцијата, која клубот ја прифатил. Вудвард беше дел и од УЕФА но експресно беше разрешен после најавата за Супер лига.
Вудвард дел од клубот од Олд Трафорд беше 16 години, почнувајќи како член на управата во 2005 година. Вудвард не беше омилен кај фановите, затоа што често го поставуваше бизнис интересот на сопствениците, пред традицијата и целите на клубот.
Следен кој со оставка би го платил распадот на Супер лигата е првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, кој исто така имаше важна улога во УЕФА.
OhridNews