Еколошкото друштво „Гграшница“ смета дека употребата на висечките мрежи за риболов на Охридското Езеро се главна причина за уништувањето на пастрмката и белвицата. Екологистите од „Грашница“ ги подржуваат напорите на македонското министерство за земјоделство за воспоставување целосна забрна за риболов од двете страни на езерото, со што како што се наведува во соопштението за јавност, ќе се спречи истребувањето на ендемичните видови риба:

Еколошкото друштво „Грашница“ поддржано од Движењето на екологистите на Македонија, уште во 2001 год. алармираше за еколошката катастрофа – истребување на охридската пастрмка од страна на концесионерите на Охридското Езеро. Сето тоа се должеше на користењето на несоодветен риболовен алат т.н. висечко-ловечки мрежи од страна на А.Д. „Охридска пастрмка“ од Охрид и „Летница“ од Струга во последните дваесет години.
Воведувањето на високите мрежи за лов на пастрмката во далечната 1987 г. беше исто како некој да фрлил атомска бомба во езерото за уништување на рибната фауна од езерскиот екосистем.

Ние како иницијатори за стопирање на риболовот и правците што ги предложивме за ревитализација на рибниот фонд во езерото, искажуваме благодарност до претходната и актуелната Влада, заради тоа што истите ги следеа и сеуште ги следат и применуваат истите како реалност за спас од истребување на ендемичните рибните видови кои тука опстоиле стотици илјади години, се вели во соопштението на ЕД „Грашница“.

ohridnews