Еколошкото друштво „Грашница“, продолжува со промоција на производството на органска здрава храна.

Според екологистите производството на здрава органска храна дава шанси за невработените, подобро јавно здравје и заштита на природата.

Тие се на став дека развојот на
земјоделието во овој век ќе биде втемелен на концепт кој предвидува
значајни промени во одгледувањето на растенијата. Со тоа ќе се
придонесе кон воспоставување еколошка рамнотежа и стабилност на
природните ресурси во агросистемите и во голема мера  ќе се подобри здравјето на луѓето.

Ohridnews