– Ширум светот по 40-пат секоја година се сигнализира за опасностите кои и се закануваат на планетата. Кај нас пак, измина точно еден месец од Денот на водите кога во езерото се излеаја и го загадија матните игри и ниската свест на нашите политичари. Деновиве пак, сме во исчекување дали инспекторите ќе го откријат виновникот за загадувањето од пред неколку дена. Бараме неговото име или имиња да бидат запишани во црната книга на Охридското Езеро.
Како и многупати досега апелиравме и апелираме до надлежните локални и централни власти да ја отстранат опасната дамка која ја создава колекторот, која секој ден е се поголема. Уште повеќе не интересира дали имаат план да направат нешто. Сакаме конечно да излезат пред медиумите и да кажат што ќе преземат да го санираат колекторот. Ние не пиеме нафта и не не’ интересира политика. Езерото ќе ги измие своите дамки, но нашите политичари и некои локални шефови во својата совест ќе ги носат темните дамките заради нивната неспособност и да му помогнат на езерото.- се вели во реакцијата на Е.Д. „Грашница“ по повод 22 Април – Денот на планетата Земја.