Северна Македонија ќе претрпи пад на Бруро домашниот производ – БДП за 3,5 проценти во 2020 година, поради економското влијание на пандемијата на коронавирус, предвидува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во својата последна макроекономска прогноза објавена денес. Банката очекува земјата да се опорави во 2021 година со раст на БДП од 5,5 проценти.

ЕБОР предвидува пад на БДП од 3,5 % во Македонија во 2019 година

Според најновото издание на Регионалните економски проспекти на ЕБОР, „ранливоста од епидемијата во Северна Македонија е умерена“.

Главниот економист на ЕБОР, Беата Јаворчик, рече дека сега е клучно да се погледне кон иднината и дека е потребна соработка и поголема економска еластичност.

„Кризата беше голем предизвик и излегувањето од истата ќе биде исто толку предизвикувачко. Ова не е време за економски национализам и протекционизам, туку време да се формира подобра иднина преку меѓународна посветеност кон слободната трговија, ублажување на климатските промени и економската соработка “, рече таа.

Извештајот претпоставува не големо влијание на здравствената криза врз економијата на долг период, при што растот продолжува кон крајот на третиот квартал, но потенцијално значајни долгорочни економски, политички и социјални ефекти.

„Доколку социјалната дистанца остане на сила многу подолго од предвиденото, рецесијата може да биде многу подлабока, со тоа што нивото на производство во 2019 година по глава на жител нема да се повтори во наредните години“, се вели во извештајот.

Членките на ЕУ во југоисточна Европа, веројатно ќе бидат сериозно погодени од корона кризата, најмногу туризмот, особено во Кипар, Грција и Бугарија.  Во Западен Балкан, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија, пак, се очекува да страдаат од нарушување на глобалниот синџир на снабдување, додека во Албанија и Црна Гора најмногу ќе биде погоден туризмот, предвидува ЕБОР.

Г.М.