Смртоносниот вирус на Ебола, кој засега се пренесува само преку контакт, наскоро би можел да мутира во многу поопасна форма, предупрeдуваат научниците. Тие не ја исклучуваат можноста еболата да почне да се пренесува преку воздух.
-Застрашувачки е колку вирусот на ебола мутира за само три недели.-рече Д-р Парадис Сабети од Универзитетот „Харвард“, кој учествувал во научното истражување на болеста која за краток период однесе неколку илјади животи во Африка.
И директорот за истражување на заразни болести при Универзитетот во Минесота Мајкл Остерхолм, смета дека пренесувањето на ебола преку воздух претставува реална опасност, бидејќи со секоја наредна зараза доаѓа до мутација на вирусот.
-Во мојата 40-годишна кариера вирусот на ебола ми задава најмногу грижи. Не можам да замислам ништо, а тоа го вклучува и HIV вирусот, што би било поопасно по светот од ебола која се шири преку воздух.-вели Остерхолм.
Во историјата на животинската ебола забележани се случаи на пренесување на вирусот преку воздух. Пред две години, канадски научници открија дека еболата Заир, истиот вирус кој е одговорен за сегашната епидемија, се пренела од прасе на мајмун преку воздух.
OhridNews