Францускиот трговски суд издал налог на фирмата eBay Inc да исплати 38 милиони евра оштета на компанијата LVMH бидејќи допуштиле преку нивниот интернет сервис за аукции, да се продаваат фалсификати од марката во сопственост на LVMH.


Моет Хенеси Луис Вуитон, сопственик на престижните трговски марки „Louis Vuitton, Givenchy, Emilio Pucci i Marc Jacobs“, ја поздравил одлуката на судот и ја оценил како многу важна.

Пјер Годет, советник на претседателот на LVMH, рекол дека одлуката е одговор на многу важното прашање, дали интернетот слободен за фалсификатори.

Од eBay велат дека LMVH сака да се обрачуна со аукцискиот модел на продажба бидејќи истиот не му одговара.