Шпанската медицинска асоцијација предупреди дека белите дробови на оние кои користат е-цигари реагираат исто како на вистинска цигара.
Ако мислевте дека е-цигарите се добра и здрава замена за пушењето, размислете повторно, затоа што го предизвикуваат истиот стрес на огранизмот како и обичните цигари.
Шпанската асоцијација на пнеумологија и торакална хирургија предупредува дека жнекои исти состојкиж ги има во е-цигарите како и во обичните, на кои белите дробови реагираат исто како на цигарите од тутун.
Здравствените работници ширум свестот се уште не знаат што да советуваат во врска со е-цигарите за тоа како делуваат врз човековото здравје, па затоа не ги препорачуваат како замена за или за откажување од пушење.
Откако е-цигарите станаа популарни во целиот свет, Светската здравствена организација побара да се направат ригорозни тестови за влијанието на е-цигарите врз човековото здравје.
OhridNews
извор:„Макфакс“