До каде е изградбата на автопатот Охрид – Кичево, со колкав интензитет се одвиваат работите и дали ќе бидат испочитувани новите, пролонгирани рокови, треба да соопштат државните институции по денешната обиколка на трасата.

Увид во градежните работи на автопатот ќе извршат вицепремиерот Кочо Анѓушев и директорот на Јавното претпријатие Државни патишта Зоран Китанов.

Како што е познато, автопатот Охрид – Кичево, кој го изведува кинеската команија „Синохидро“, требаше да биде готов на почетокот од оваа година, но поради пропусти во планирањето и трасирањето, рокот е пролонгиран за 2021 година.

OhridNews