Преку Бирото за регионален развој ќе се реконструира и уреди главната улица во село Горенци. Потпишан договорот за реализација на проектот од страна на директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи и градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
По поднесена апликација од Општина Дебрца до Бирото за регионален развој, од Програмата за развој на села за 2022 година одобрени се средства за проектот: Pеконструкција и уредување на улица во село Горенци. Проектот опфаќа тротоарско уредување на главната улица во село Горенци,во должина од 529 метри и широчина на тротоар од 1,5 метри,а вкупната вредност на проектот изнесува 2.615,598 денари, информираат од Општина Дебрца.
По завршување на тендерската постапка, додаваат во соопштението, следи имплементацијата на проектот.
OhridNews