На 10 јули, петок, екипи на Центарот за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмоље до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потек на река Грашница, Коселска Река. – информира Центарот за јавно здравје.
Надлежните упатуваат апел до пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, велат од Центарот за јавно здравје.
OhridNews