Во тек се работни активности за преместување на спомен обележјето на Григор Прличев на нова локација, во непосредна близина на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и НУ Центар за култура „Григор Прличев“, за што соодветна одлука усвои и Советот на општината, информира локалната самоуправа.
Покрај поставувањето на споменикот, на новата локација (КП 15443/1 во КО Охрид 3) со површина од 25м2 е предвидено партерно и хортикултурно уредување, без нарушување на автентичноста на просторот.
Спомен- обележјето се преместува поради тоа што во близина на претходната локација беа поставени подземни контејнери, што наиде на бројни реакции во јавноста.
Градежните активности за преместување на споменикот ќе ги изведува ЈП „Градски гробишта“ Охрид.
OhridNews