Со црковни свечености, во недела 30 август, ќе биде осветена новата митрополитска резиденција на Дебарско – кичевската епархија на Плаошник.
Претходно во манастирот св.Климент и Пантелејмон – Плаошник ќе биде отслужена архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на митрополитите г.Тимотеј и г.Агатангел и Епископот г.Партениј.
Новата резиденција на митрополитот Дебарско – кичевски започна да се гради заедно со другите објекти во комплексот Плаошник пред околу една деценија. На целиот овој простор првично беше планирана изградба на над 20 објекти со висока катност, но по реакциите на УНЕСКО проектот беше ревидиран, а бројот на објекти и нивната катност значително беа намалени. Меѓу тие кои добија дозвола за градба беше и митрополитската резиденција.
Инаку, резиденција на Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј, до сега бршр вилата „Лепа“ на Плаошник, која беше опфатена со процесот на денационализација, на барање на наследниците на семејството што некогаш го поседувало овој атрактивен имот.
Г.М.