На 27 мај ќе се организира подготвителна информативна сесија за Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијание на животната средина од спроведување на Планот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион.

Подготвителната информативна сесија се организира во согласност со препораките на Архускиот жалбен комитет и член 6 од Архуската конвенција за рано вклучување на засегнатата јавност во процесот на донесување на одлуката за Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и има за цел запознавање на засегнатата јавност со процесот, податоците со кои се работи и документите кои се користат или секциите кои се подготвени, а за кои е потребно рано информирање на засегнатата јавност. – информира Општина Охрид.

Настанот ќе се одржи во Салата за состаноци во општина Охрид, со почеток во 13 часот.

OhridNews