Деновиве заврши целосно обележување на хоризонталната и поставување на соодветна вертикална сигнализација на улицата „АСНОМ“.
Вертикалното обележување е направено по сите современи стандарди за сообраќајно обележување. Покрај основната сообраќајна сигнализација, обележани се велосипедски патеки од двете страни на коловозот, во две насоки, со попречно поврзување помеѓу нив. – вели градоначалникот Георгиески.
Градоначалникот најави дека Општина Охрид во текот на наредниот период планира активности за обележување на велосипедски патеки и на уште неколку сообраќајници во градот.
Со овие активности значително се подобруваат условите за велосипедистите во Охрид и се придонесува во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај. – додава Георгиески.
OhridNews