Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт, наскоро, започнуваат со реализација на крупен спортски проект, изградба на Баскет игралиште во некогашната касарна „Михајло Апостолски“ .
Игралиштето сместено во делот за спорт и рекреација ќе биде со димензии 22м на 22м и површина од 422 м2. На него ќе има специјална подлога за играње кошарка, а ќе бидат поставени рефлектори, соодветни спортски реквизити, канти за отпадоци и клупи. – се вели во општинското соопштение.
Игралиштето ќе биде наменето за спорт и рекреација на жителите од населба „Црногорци“, а според планираното Општина Охрид во иднина предвидува овој дел на градот да го разубави и со останати спортски содржини.
OhridNews