Ракометниот клуб Вардар, ќе биде единствен македонски претставник во Лигата на Шампиони откако Европската куќа на ракометот (ЕХФ) не му даде специјална покана за учество на Еурофарм Пелистер.

Битолчани во трката за вајлд карта останаа со празни раце и ќе мора да се задоволат со играње во Купот на ЕХФ. Пред „пелистерци“ доверба од ЕХФ добија Нант каде настапува Кирил Лазаров, ПИК Сегед, Елверум, Целје Пивоварна Лашко и Мешков Брест.

Мак-ракометот ќе биде позастапен во Купот на ЕХФ бидејќи во квалификациите ќе учествуваат Металург и Бутел Скопје. Охридскиот ракометен клуб се надева на позитивен одговор за вајлд карта за учество во квалификациите.

Следната сезона во ЛШ ќе се одигра во нов формат и со помалку екипи учеснички за разлика од минатите сезони.

OhridNews