Леброн Џејмс и Кевин Дурант ќе бидат капитени на екипите кои на 10 февруари во Кливленд ќе настапат на Ол-стар натпреварот, откако двајцата играчи добија најмногу гласови од симпатизерите во двете конференции, објави синоќа Националното кошаркарско здружение (НБА).

Откако е воведен новиот состав на одигрување на Ол-стар натпреварите, Леброн Џејмс беше капитен сите пет пати, додека Дурант ќе ја носи капитенската лента втора година по ред.

Воедно, за Џејмс ова ќе биде 18 настап на Ол-стар натпреварите со што се израмни со легендарниот Коби Брајант на второто место на вечната листа играчи со најмногу избори. Пред него е само Карим Абдул – Џабар, кој 19 пати беше избиран во Ол-стар екипа.

OhridNews