Некаде на почетокот на месец февруари, револтиран од една Ваша одлука да се казнуваат родителите за недисциплината на децата, напишав писмо со наслов: ,,До каде ќе одат!!?,,..
Денес слушам дека Ви ,,светнало,, дека, децата кои пројавуваат насилство и недисциплина ќе бидат изолирани во посебни установи??. Па каде бевте цели пет години кога се случуваа разни насилства по училиштата кои, еве, резултираа со убиство. Не сакавте да не слушнете нас стручните, искусните и не само нас туку, зарем не прашавте и видовте како овие проблеми се решаваат во земјите кои ги прошетавте.
Сепак се надевам дека некој ви ,,шепна,, (прочитал во OhridNews) и дека ќе истраете во намерата да ги згрижите овие деца а да ги растоварите од грижите нивните родители кои не можат да се справат со нив.
Само…малку време Ви остана да ја реализирате оваа идеја…
Авторот познат на редакцијата.
*Ставовите изнесени во рубриката „Писма“ се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.