Во рамки на најавеното  ребрендирање на Македоснки Телекомуникации, планирано е воведување на нов домен корисници на e-mail адреса на @mt.net.mk.

Од 4 мај, сите e-mail пораки кои ќе ги испраќате, ќе бидат испратени од t-home.mk домен. Односно, наместо од username@mt.net.mk, пораките ќе бидат испратени од username@t-home.mk, соопштија од компанијата.

Сите пораки кои ќе бидат испратени на вашата досегашна e-mail адреса и понатаму ќе пристигнуваат во вашето e-mail сандаче. Доколку e-mail сандачето го користите преку webmail, нема потреба од никакви дополнителни подесувања, велат од Телеком. Доколку e-mail сандачето го користите преку e-mail клиент (Outlook), потребно е само да се промени e-mail адресата од username@mt.net.mk во username@t-home.mk, каде што username претставува вашето корисничко име, информираат од Телеком.

ohridnews