Цела недела сум некако та јас, а те та ти , некако во недоумица, некако во збунка….целиот сум прашалник. На пример некако се думам дал коронава е епидемија или пак меркиве за заштита корнава се пандемија? Си се думав од шо појќе во моментов страдам. Да….јас си се придржавам на меркиве немат мрдање. И бомбона сум. Не сум стигнат појќе од 3 елицеи, 3 дијазепами 10 – ка, е вчера корегирав деметрин за едно. Сега сум на 6. За викенд ич не излегвам најмногу ради раниве над ушиве. Еве фала му на Бога, над десново ранава веќе ми фаќат краста кај да е ќе паднит.

На левово уште ранава ми крварит ама не како Роки во филмон туку како партизан во филмојне. Кладов влошка одозгора Every Day – Hyper Dry, со пет капки обоени, ја менвам на 4-5 сати и терам. На десново лепешка од крава, да чадит ама. Велет побрзо зараствело. Пред да излезам си редам све шо требит ги виктам ушиве со широк темен селотејп, да не се гледат дека имам влошки.

Е сега проблем е шо не можам да клам маска вака нафатиран ама најдов решение. Зобница од коњ носам. Малку е широка ама ќе ја наполнам со 4-слоен г`с папир и шибај. Како? А шо да ме прашвет другиве. Не оти поинакви се? А пак шо се однесвит до херпесов од маскиве, не дека е голем ама морам да го третирам. Четири сантими четири морат да го третираш. На ФБ прочитав од еден стручњак за кожно венерични болести, можда го знајш, онај шо работит како метало стругар, па третирам со гасена вар. Е сега пола муцка ми ја немат ама стручњаков ми рече дека се регенерирала за 2-3 години и ко нов. Мада и од зобницава не оти се гледат.А?

Како. Кај најдов вар? Ам чор си бре ти. На очи дан ти удри ковидовчево? Не виде со недели како чадеше дестина дена над Лескоец? Е де, е, за то зборвам. За она шо излегоа 100 видеа како се мават црн чад, смрдит, 600 портали пишеа, луѓето се давеа и на надлежните ич бојко не ги столеше за загадвењето. И се сетив. Ко неојт ниеден инспектор или надлежен, баб гас маската и си зедов 2-3 кила вар.

Да продолжам. Други последици некој крупни од меркиве не гледам. Две банки и четири пошти ограбени, продаени само 4 тони деметрин, 10 бесења и 8 седвења на компресор….и шо знам. Уф ќе заборав. Имам во комшиве живеат 3-4 генерации шо возрасни, шо стари и две бебиња.

Негде околу 20-тина мислам дек се. Без бебињата. Пред некоја вечер се скараа мислам дека зетот кладе појќе сол во салатата, па викање, па карање, пискање, па ко да слушнав пукање….как да е да не давам многу фала му на Господ златен, бебињата останаа живи. А…и ова…ко да видов статистика дека само 5 луѓе на глава на маж на квадратен милиметар имат пријавено за каснати од жени и ми олесна.

Е сега покрај збункиве некако се осеќам горд. Ме бендиса шо конечно не е битно кој на кое работно место е, која струка е, во една фирма, зборвам за НСРСМ како фирма, сите работиме то шо мојме само да го средиме проблемот, шо побргу да се опрајме после чумава. Толку се сплотивме во сериозноста на проблемот шо малку мојт да те збунит кој шо работит во ЈП НСРСМ – ДОЕЛ пром, зш судии поништват одлуки на доктори, доктори пресудват за затвор.

Абе не знам дал судија во Уставен суд е инфектолог или пак инфектологот е е судија. Судиве завршвет Уставно право или се Уставни доктори по медицински науки? А од ко ќе завршат дал станвет судии или доктори? Или пак епидемиолози? Исто неми е јасно, можда ова е круцијално, Караџоски инфектолог ли е, епидемилог ли е, дефектолог ли е, помина ли детектор за тресење зелени…….

Абе види вака. Кој шо сакат нека. Кој со која струка сакат нека е важно дека се сплотивме сите и сите здушно се напнавме да ја опрајме државава од ЈП да ја напрајме ПП и да ја крениме на ноѕе. Санќим битна е струката.

И Тито беше бравар па водеше држава и го дупеше цел свет. Не така?

ЏИМИ

*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите