Заклучно со 18 септември, до 20 часот, попишани се 951.151 лица, 297.089 домаќинства и 402.768 станови.
Попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, информираат од Државниот завод за статистика.
ДЗС истакнува дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување, граѓаните можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.
OhridNews