Големиот број кучиња скитници во Струга двојно го зголемија и бројот на каснати граѓани. Според податоците на СВР Охрид, минатата година имало 34 пријавени случаи за каснување од куче скитник, што е повеќе од двојно во однос на претходната 2021 година кога биле пријавени 15 случаи. Во 2020 година пак 18 лица пријавиле напад од кучиња во Струга.
Од почетокот на годината до сега регистрирани се вкупно 12 пријави од лица каснати од куче скитник, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Општина Струга во соработка со овластена ветеринарна клиника неодамна почна со заловување и третман на кучињата скитници во градот. Општината неодамна презентираше и проект за изградба на стационар за хуман третман на кучињата, за чија реализација побара помош од државата и меѓународни фондови.
Во соработка со полицијата најавија засилени контроли на комбиња и камиони за кои постои сомневање дека носат кучиња од други градови и ги пуштаат во Струга.
OhridNews