Пионерите од ракометниот клуб Охрид запишаа нови бодови на табелата во лигата совладувајќи ја Струга со убедливи 29-19 на гостински терен.
За пулените на Наум Бабачев ова е четврти триумф во петтиот натпревар сезонава и со едно реми ја чуваат првата позиција на табелата.
Во охридскиот состав со девет голови најпрецизен беше Мартин Иваноски, пет постигна Наум Костов исто колку и Намик Осман, а четири реализираше Николче Ристески.
Во шестата рунда пионерите од РК Охрид се слободни, а во седмото коло го пречекуваат тимот на Гого од Кичево.
OhridNews