Двомесечната Монро, ќерка на Мараја Кери, веќе почнала да се однесува како својата славна мајка. На една фотографија објавена на твитер девојчето е со подигната рака со која како да порачува дека не сака да ја фотографираат. Таткото Ник Канон изјавил дека синот е како него, а ќерката како својата мајка. Доколку нешто не сакала, таа веднаш тоа го покажувала.


Признал дека пејачката ги менува пелените на нивните деца бидејќи тој сеуште не бил доволно вешт во тоа. За својата сопруга рекол дека е неверојатна и дека е најдобрата и најодговорната мајка која досега ја видел.