Спортските сладокусци во Охрид, вечерва, ќе имаат кошаркарска и ракометна причина за уживање во спортската сала „Билјанини Извори“.
Кошаркарскиот клуб АВ Охрид во 17 часот ќе го одигра мечот со Теодо Тиват во рамките од Втората АБА лига, додека со почеток во 19 часот и 30 минути Ракометниот клуб Охрид во дерби пресметката ќе го прекеча Еурофарм Работник.
Поддршката од трибините ќе биде од големо значење за двата спортски колективи кои се големи репрезенти на нашиот град во Македонија и странство.
Се гледаме в сала !
OhridNews