Во рамки на фестивалот  Охридско лето, вечерва со почеток во 19.30 часот во Центарот за култура изложба ќе одржи младата уметничка од Охрид, Ели Аиноска-Христовска.

Изложбата  насловена како ” Двојно кодирање” претстатвува инсталација  од 13 светлечки објекти, со што е направен спој помеѓу повеќе уметнички медиуми како што се графиката , фотографијата, архитектурата, скулптурата и дизајнот.


 
Аиноска магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје-отсек графика. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 2008г. Досега учествувала  на повеќе значајни манифестации во земјата и странство.

OhridNews