Лаура Паскалони, повеќе позната под сценското име Лаура Мараја, е најпозната двојничка на поп дивата Мараја Кери, а во разговор за “Daily mail” откри дека по настап може да заработи и до 70 илјади долари. Вели дека секогаш има многу работа, а посебно за време на празниците бидејќи тогаш луѓето сакаат да слушнат како ја изведува најпознатата песна на Мараја “All I want For Christmas Is You”. Родена е во Конектикат, а Мараја ја имитира подолго од 20 години.
Кариерата на имитаторка, како што вели, ја започна сосем случајно, кога продуцентите на емисијата “The Ricki Lake Show” ја испратиле на улиците во Њујорк како би провериле дали минувачите навистина ќе помислат дека таа е Мараја Кери. Набрзо потоа стигнале понуди да настапува како имитаторка, а Лаура од тоа направи успешна кариера. Меѓутоа, не се само минувачите тие кои не можат да направат разлика помеѓу неа и Мараја. Тоа се случи и на промоција на албум на раперот Дрејк додека сеуште немал стекнато светска слава. Имено, тогаш еден соработник на Дрејк ја молел Лаура да го слушне новиот албум на раперот, мислејќи дека разговара со Мараја Кери.