На репертоарот на Охридскиот народен театар, викендов кој ни претстои, се две претстави.
Во петок, 15-ти март, ќе биде изведена претставата „Полицајци“ во режија и адаптација на Андреј Цветановски.
На 16-ти март, сабота, на програмата е претставата „Емигранти“ во режија на Ирена Стеријовска.
И двете претстави се играат во Центарот за култура со почеток во 20 часот.
Цената на билетот е 100 денари.