Во рамки на фестивалот Охридско лето, вечерва, 3-ти август, во катедралната црква Св. Софија двојна концертна програма.

Најпрвин во 20.30 часот, ќе настапи триото „Аура“ од Македонија во состав: Страшо Темков, флејта; Ана Гацева, пијано; Марјан Милошевски, фагот.

Веднаш потоа во 22 часот концерт ќе одржи дувачкиот квинтет на Црна Гора во состав: Ана Абрамовиќ, хорна; Антонио Насевски, фагот; Марија Ѓурѓевиќ-Илиќ, флејта; Надица Ристиќ-Симовиќ, обоа и Петар Гариќ, кларинет.

Цената на билетот за двата настани е 400 денари.

OhridNews