В четврток на градскиот стадион „Атина Бојаџи“ има двојна програма контролни натпревари. Во 12 часот ќе се сретнат Ренова – Пелистер додека во 15 часот силите ќе ги одмерат Јавор и Шкупи.

„Гипсарите“ веќе неколку денови престојуваат во Охрид, Пелистер само што дојде, а Јавор се задоми под Самоиловите тврдини.

Охрид години наназад е неизбежен дел од подготовките на неколку прволигашки екипи од Македонија и од странство.

Мх.П.