Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Ѕвонко Шундовски и Бранислав Ангеловски триумфираа во Купот и со тимот на Констанца стигнаа до двојната круна во Романија.

Во финалето од Купот, Констанца ја совлада екипата на Бакау со 34-23 и ги обедини титулите. Уште од поодамна Констанца ја осигура шампионската круна од Супер лигата и наредната година повторно ќе настапува во Лигата на Шампиони.

Репрезентативецот Ангеловски во финалниот натпревар постигна четири погодоци и го продолжи успешниот низ во романскиот ракомет.

Мх.П.