Во Центарот за култура „Григор Прличев“ синоќа премиерно беше прикажан филмот “Жената што ги избриша солзите”, во режија на Теона Митевска, во кој во главните улоги играат Викторија Абрил и Лабина Митевска.
Ова е приказна за две различни мајки. Едната, која има потреба самата да се казни по смртта на синот, а другата, која е принудена да го издржи секојдневното казнување за да може да опстане и да ја обезбеди иднината на своето дете. Абрил ја толкува ролјата на непредвидливата Хеленаод Париз.
Филмото ќе се прикажува до 4-ти мај во терминот од 20 часот. Цената на билетот е 100 денари.
Истовремено на кино репертоарот во Центарот за култура ќе се прикажува и анимираниот цртан филм „Мачорот во чизми“, во режија на Крис Милер, во кој гласовите ги позајмуваат Антонио Бандерас и Салма Хајек. Проекциите се од 18 часот, а цената на билетите изнесува 100 денари.