Откако октоподот Пол се прослави со предвидувањето на резултатите на германската репрезентација на светското првенство во фудбал, Словачка улогата на предвидувач на светското првенство во хокеј и ја доделила на двоглавата желка Магдалена. Желката се родила во словачкиот град Жилина со две глави поради генетско пореметување.
Магдалена има два мозоци па често не може самата со себе да се договори каде да оди. Ќе се обиде да го повтори успехот на Пол кој го погоди победникот на осум натпревари. Наместо во фудбал, желката ќе погодува резултати во хокеј. Во првиот натпревар меѓу Словачка и Словенија за победници ги избрала словаците и погодила. Победикот го погодува со движење по минијатурен модел на игралиште за хокеј.