Капитенот на Металург, Наумче Мојсоски и живата легенда на клубот од Автокоманда, Филип Миркуловски се пред преселба на Исток.
За двоецот на „металурзите“ интересен покажал клубот Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати, а нивниот трансфер е се пореален откако ситуцијата во Металург е далеку од средена.
На иницијатива од ракометарите екипата отпатувала во Франција на мегдан со мултимилионски состав на Пари Сент Жермен што дополнително ги подгрева шпекулациите за заминување на клучните играчи.
– Има интерес од Ал Ахли, но сеуште нема ништо конкретно од нивна страна. Ние сме максимално фокусирани на нашиот следен предизвик во Лигата на Шампиони тимот на ПСЖ – рече Миркуловски, пренесува „Екипа.мк“.
Сите интернационалци освен десното крило Ѓукиќ заминаа од Металург, а на ред се сега староседелците на кои се градеше успешниот проект.
Мх.П.