Карате клубови „Кун-су-то“ и „Чоле“ од Охрид ќе имаат свои преставници во македонската карате репрезентација на Балканското првенство кое ќе се одржи во Србија на крајот од овој месец.
За репрезентативниот повик Мартина Петреска и Андреј Цацаноски од клубот Чоле се изборија со бронзените медали, додека Тамара Ѓурчиноска го освои сребреното одличје на Државното првенство во Кавадарци.
Тамара Ѓурчиноска на второто место од пиедесталот.
Повикот на охридските каратисти во македонската репрезентација е голема награда за двата клубови кои се расадник на талентирани каратисти.
OhridNews