Двојна победа на младинките на скопски Вигор во пресметката со своите врснички во Струга. Младинките на Вигор Скопје беа поуспешна во дерби натпреварот со Кимико победувајќи со 41-47.

Стружанки на полувреме заминаа со 8 поени преднос.т но почетокот на третата четвртина донесе нов пресврт на натпреварот. За 10 мин игра домаќинките постигнаа само 5 поени, по што следуваше  резултатска неизвесност.

Младите кошаркарки на Вигор благодарение на подобрата концентрација на крајот славеа.

Двоцифрен број на поени кај стружанки имаа Василевска 12 и Петкоска 10, додека кај гостинките најпрецизни беа Агич 14 и Стојаноска 12.

Претходно екипата на Вигор генерација 93/94, исто така славеше над  Кимико со 44-63.