Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски в четврток и в петок ќе одиграат контролни средби со Прилеп односно Пелистер.
В четврток охриѓани ќе гостуваат во Прилеп кај истоимената екипа, која се натпреварува во Првата лига додека в петок ќе бидат домаќини на Пелистер.
Ова ќе биде втор и трет тест за охридските гладијатори кои минатата недела се сретнаа со Пелистер во Битола и претрпеа пораз 30-25.
Влезот за мечот меѓу суперлигашите Охрид и Пелистер ќе биде безплатен, а дуелот ќе започне во 19:30 часот.
Мх.П.