Охридските кадети и младинци кои се натпреваруваат во Б-2 лигата претрпеа порази од своите врсници од струшки Влазними. На теренот во Струга, кадетите беа поразени со 3-1, додека младинците изгубија со 2-1.

По 15 одиграни кола кадетите се наоѓаат на 4 место, додека младинците се заковани на дното на табелата.