На Меѓународната регата во Бела Црква – Србија, помеѓу петте клуба кои зеда учество беше и едриличарскиот клуб АМАК СП- БОФОР. Двете натпреварувачки во класата Европа се закитија со медал. Златото го освои Ивана Фармакоски, додека бронзата заврши на градите на Александра Заричин.
Во Варна, Р. Бугарија во силната конкуренцја каде покрај македонските едриличари и домаќините, учество зедоа и едриличари од Романија, нашите натпреварувачи ги освоија следните места:
Класа Ласер Стандард- млади:
Александар Фармакоски од ЕК АМАК СП- БОФОР-Охрид – 4 место
Класа Оптимист- генерален пласман:
Димитар Поп- Стефанија од ЕК АМАК СП- БОФОР- Охрид – 14 место
Ердал Љушо од ЕК СНЕГАР- Струга- 15 место
Кирил Мирчески од ЕК СНЕГАР- Струга- 33 место
Димитар Чатороски од ЕК СНЕГАР- Струга 40 место
Класа Оптимист- женска конкуренција:
Мартина Каневче од ЕК АМАК СП- БОФОР-Охрид- 7 место
Елена Ставреска од ЕК СТРМЕЦ- Охрид 9 место
Следен настап на македонските едриличари во овој „бурен“ период е учеството на Istanbul Sailing week односно Едриличарската недела во Истанбул, Р. Турција.