Сто и пет годишнината од херојската погибија на охридскиот Илинденски војвода Христо Узунов, годинава, ке се чествува на 23. и 24. овој месец во неговиот роден град и во Цер – Кичевско, планинското село во сегашна општина Другово, каде Узунов заедно со 12-те свои соборци, опколелени од бројниот османлиски аскер се ги одзедоа животите во муграта на 24. Април 1905.година.
Локалната самоуправа на општина Другово го организира одбележувањето на годишнината од погибијата на Узунов утре на 23.април во спомен-паркот во Цер. Со оглед на добиената покана, на оваа манифестација, без оглед на мотивите на организаторите за чествување еден ден порано од Денот на погибијата, ќе учествува и делегација на Општина Охрид која ке положи свежо цвеке на могилите на паднатите Илинденци во спомен-паркот во Цер – информират од локалната самоуправа.
На денот на погибијата на Узунов, сабота 24.април, во 10 часот, Охрид ќе го чествува својот сограѓанин – Илинденец со полагање цвеке од страна на делегациите на Локалната самоуправа, основното Училиште кое го носи името на Узунов и Здружението на граѓани „Богојавление“ на споменикот на Христо Узунов во градскиот Парк.
Делегации на Општината, ОУ чиј Патрон е Христо Узунов и Здружението „Богојавление“, на посебна свеченост што ке се одржи в сабота во 12 часот во спомен-паркот во село Цер, ке положат цвеке на гробот на Узунов и спомен обележјата на неговите соборци.
Вечерта на 24. април, со почеток во 19 часот, во салата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, по повод Патрониот празник, свечена Академија ке одржат учениците од ОУ „Христо Узунов“.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com