Љубителите на џезот во Охрид денеска и утре ќе имаат можност да уживаат во два концерти што во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“, поддржана од Министерството за култура, ќе се одржат на плажата „Куба Либре“.

Вечерва, 22-ри август, со целовечерни концерти, ќе настапат Симон Киселички Трио со специјалниот гостин Мартина Блажевскa и џез составот „Sethstat“.

На 23-ти август на плажата „Куба Либре“ настапуваат „Kabadayas“ и „Гоце Стевковски Септет“.

Концертите двете вечери почуваат во 21 часот.

OhridNews