Иако сестрите Кардашиан се познати по своите гради, овој пат во центарот на вниманието била најмладата меѓу нив, Кендал Џенер. Убавицата моментално е една од најбараните манекенки, а освен престижни кампањи снима и голем број насловни страни. Меѓу бујните славни сестри се истакнала со едноставноста, а нејзините долги нозе со секој нов чекор по улиците во Њујорк предизвикувале воодушевување.

 

Нејзинте славни сестри, Ким и Клои не ја пропуштиле можноста да потсетат зошто за нив сеуште се зборува. Ким одлучила на светот да му покаже дека не се грижи за зимната и дека со задоволство го прикажува своето бујно извајано тело. И нејзината сестра Клои ги истакнала адутите во бела комбинација, пркосејќи и на зимата без градник.