Во последните 24 часа регистрирани се речиси двојно повеќе оздравени од новозаразени пациенти со Ковид 19. Направени се 1825 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19., од кои 3:во Охрид.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 225 оздравени пациенти, еден од Охрид.

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години.

Досега во земјата се направени вкупно 134.318 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13308, бројката на оздравени пациенти е 9977, на починати е 557, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2774.

OhridNews

ВИДЕО интервју со Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар: На Охрид не му прилега масовен туризам, а му требаат настани како „Охрид ТрчаТ“ кои ќе привлечат квалитетни гости