Викендов кој доаѓа на спортски план ќе помине во знакот на ракометот. Во СРЦ „Билјанини Извори“, љубителите на ракометот и симпатизерите на Охрид ќе имаат двојна причина за уживање.

В сабота во 18 часот, сениорскиот состав на Охрид во последната рунда од есенската полусезона во Супер лигата ќе го пречека тимот на Вардар Јуниор. Охридски ракометари со триумф над младите „вардарци“ и теоретски ќе обезбедат учество во плејофот и успешно ќе ја завршат годината.

Возбудувањата в недела се резервирани за младинците. Охридските ракометари во младинска конкуренција ќе ги одмерат силите со Металург на домашен терен. Дербито на колото се игра во 17 часот.

OhridNews