Ракометарите на Охрид контролните натпревари во зимскиот подготвителен период ќе ги заокружат со две тест средби со тимот на Прилеп.

„Гладијаторите“ првиот натпревар ќе го одиграат утре, на теренот од противникот, додека вториот е закажан в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“.

Во досегашните контролни мечеви, охриѓани, забележаа две победи и претрпеа два порази, а еднаш ремизираа.

Охрид како и останатите ракометните клубови од елиатата, официјалните мечеви ќе ги отворат со дуелите во 1/8 финалето во Купот на Македонија.

OhridNews