Фудбалерот на Лион Мемфис Депај ги одбелeжа вчерашните натпревари во најсилните национални шампионати во Европа. Холанѓанецот постигна феноменален погодок од пенал со паненка удар. Голманот кој иако остана на средината од голот немаше шанси да интервенира.
Да не биде се во знакот на Депај се погрижи Маркус Турам, кој настапува за германска Борусија Менхенгладбах. Синот на прославениот фудбалер Лилијан Турам го плукна противничкиот фудбалер од Хофенхајм и експресно заработи црвен картон. Плукање на противнички играч е најподмолен потег во фудбалот и според правилникот на Турам го очекува суспензија најмалку од пет натпревари.
OhridNews
Меси го достигна Пеле, Бразилецот му се восхитува на Аргентинецот